Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, изминатиов период беше дел 26-тото издание на силниот меѓународен турнир Вацлав Јежек во Чешка, каде освен нашата и домашната селекција учествуваа и Украина, Словачка, Латвија и Унгарија.
Со две победи и еден пораз, Македонија на крајот заврши на третото место на овој турнир. Во групната фаза ја победивме Словачка (3:2), додека загубивме од Украина (2:1). Во борбата за третото место убедливо ја совладавме селекцијата на Унгарија со резултат 3:0.
Дел од Македонската репрезентација на овој турнир беа и шест играчи од Вардар. Се работи за голманот Кристијан Китановски кој одбрани пенал во дуелот со Унгарија, потоа Александар Ѓурковски, Али Асани, Виктор Крстевски, Муас Демири и Азер Омерагиќ.