Во наредниот период петлињата на ФК Вардар ќе земат учество на два турнири во Македонија.
Во периодот од 30.08 -01.09 генерациите на Вардар родени 2006, 2007, 2009 и 2010 ќе се натпреваруваат на петтото издание на меѓународниот турнир Гази Баба Куп 2019.
Пред почетокот на сезоната во детската лига ќе настапиме на уште еден турнир, „Кул Куп 2019“ во организација на фудбалската школа Кул. На истиов турнир минатата година освоивме прво место со генерациите 2007 и 2008, додека со 2009 завршивме на втората позиција. Сите овие генерации повторно ќе имаат можност да се борат за трофејот на овој турнир, кој ќе се игра во периодот од 7-9.септември, а ќе се натпреварува и генерацијата 2010 на Вардар.
Турнирите се добра можност за воигрување на вардаровите генерации и за достигнување на потребната форма, пред стартот на новата натпреварувачка сезона.