Денес ракометниот клуб Вардар го имаше последен тренинг пред заминување на Супер Глоуб. Истиот го одржа во култната сала за црвено-црниот тим, Спортскиот центар “Кале“.
Ова беше последна активност пред настапот на неофицијалното клупско светско првенство Супер Глоуб во организација на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија.