Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со триумф ја отворија новата сезона
Кадетите на ФК Вардар со триумф ја отворија новата сезона

Кадетите на ФК Вардар со триумф ја отворија новата сезона

Кадетите на ФК Вардар со триумф ја отворија новата натпреварувачка сезона. Утрово на теренот на Академијата нашите надежи ја совладаа екипата на Победа од Прилеп, со резултат 2:1.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Петејчук, Крстевски, Величковиќ, Ѓурковски, Асани, Гугуљанов, Речица, Хасани, Салиу, Омерагиќ (c)

Кадетите на Вардар имаа целосна иницијатива на теренот во текот на целото прво полувреме, во кое беа упатени повеќе од десет дирекнти удари во рамките од голот на Победа. Прв се обиде Салиу кој бие над голот, додека гостинската екипа од Прилеп врати од слободен удар, но одбрани Китановски. Водството на Вардар стигна после една добра акција, од десната страна, топка нафрли Салиу, кој во противничкиот шеснаесетник го пронајде Абудла Хасани, на кој не му беше тешко да ја смести топката во мрежата на Победа, за предност на Вардар од 1:0.

2

Избраниците на Деспотовски и после отварање на резултатот продолжија со својата офанзивна игра, а гостинскиот тим речиси и да ја помина својата половина.После една одбиена топка, силен удар упати Ѓурковски, но голманот на Победа со одлична интервенција спаси нов гол во мрежата. Нова добра акција, која со удар ја заврши Гугуљанов, но повторно прилепскиот голман се истакна, сигурно најзаслужен што неговиот тим немаше поголема негатива на полувреме. Во шанса се најде и Речица, кој бие силно, додека зрела шанса имаше и Салиу, кога немаше среќа и ја погоди само стативата од голот на Победа. До крајот на првиот дел ќе ја одбележиме и шансата на Крстевски, кој бие после нафрлена топка од корнер, но повторно противничкиот голман одбрани. На полувреме заминавме со минимално водство од 1:0, иако требаше да биде изразено и со поголема разлика.

3

Во второто полувреме првиот директен удар го имаше Речица, но без промена на резултатот. Затоа во следната минута следеше „студен туш“ за вардарци, екипата од Прилеп речиси во својот прв посериозен обид успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Не траеше долго радоста на Победа, со оглед дека Вардар за брзо време успеа да ја врати предноста и тоа со голот на капитенот Азер Омерагиќ.

4

На нафрлена топка од десната страна, Омерагиќ со глава ја сместува топката во мрежата, за водство од 2:1. Беа направени и првите измени во нашите редови. Играта ја напуштија Китановски, Салиу и Речица, на нивно место се Величковски, Исени и Шабани. Во овој дел од дуелот, црвено-црните имаа уште една голема прилика, кога после една одлична акција и додадена топка од Шабани, биеше Хасани, кој ја погоди стативата. Во последните десет минути немаше големи возбудувања, Вардар стигна до заслужено голема победа на стартот од новата сезона во кадетската-супер лига.