Од вчера стартуваше петтото издание на младинскиот фудбалски турнир „Гази Баба Куп 2019“, на кој се натпреварува и ФК Вардар.
Вчера две генерации забележаа победи во првото коло. Во супер дербито кај генерација 2010, Вардар успеа да ја победи екипата на Форца (2:1), додека генерација 2007 немаше проблеми во дуелот со Албион, кој го порази високо со резултат 4:0. Погледнете фотографии од овие два меча.