Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Две победи за РК Вардар Јуниор пред стартот на новата сезона
Две победи за РК Вардар Јуниор пред стартот на новата сезона

Две победи за РК Вардар Јуниор пред стартот на новата сезона

Екипата на Вардар Јуниор ги игра последните контролни натпревари пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Избраниците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков во изминатиов период одиграа два пријателски дуели и тоа против екипи, кои се дел од Супер Лигата. На гостински терен младиот состав на Вардар Јуниор направи изненадување и ја совлада екипата на Струга со резултат 26:23.

Одигравме меч и против новиот суперлигаш, тоа е тимот на Работнички, кој го победивме убедливо со резултат 30:23. Ова се мечеви за подигнување на формата, но и за воигрување на тимот пред стартот на новата сезона, кој е закажан за следниот викенд, кога црвено-црните во рамките на првото коло од Супер Лигата ќе гостуваат кај екипата на Радовиш.