Откако пропушти шансата за загарантирани 250.000 долари и пласман во големото финале, европскиот шампион, тимот на Вардар, денеска ќе се бори во малото финале со домаќинот на Супер Глоуб, Ал Вехда, во меч за чек од 150.000 долари.
Во денешното мало финале нашиот тим е апсолутен фаворит. Но и покрај фаворитската улога на хартија, Ал Вехда покажа дека може да биде многу незгодна. Во дуелот со Барселона за пласман во финалето, одигра супер 30. минути, а потоа падна и загуби убедливо.
На денешниот дуел кој започнува со почеток од 13 часот и 30 минути со директен пренос на Телма, ќе ги има Писонеро на располагање сите играчи кои допатуваа во С. Арабија.