Сите четири екипи на ФК Вардар кои настапуваат на меѓународниот турнир „Гази Баба Куп-2019“ успеаа да обезбедат место во следната фаза. Генерациите 2007, 2008, 2006 и 2010 година се пласираа во 1/4-финалните дуели кои ќе се играат ова попладне.
ФК Вардар генер.2010 на Влатко Колев со реми го запечати пласманот во четвртфиналето. На утринскиот дуел против ГФК Тиквеш ние одигравме 3-3 (2-1).
Првиот дел започна со наша иницијатива, успеавме да поведеме со 1-0 преку Стефан Ристиќ. Противникот при една наша грешка во одбраната успеа да погоди за резултатска симетрија 1-1. Имавме повеќе од играта, нашата иницијатива вроди со плод, повторно Ристиќ беше таличенза ривалот со неговиот гол поведовме со 2-1, резултат со кој се замина на одмор.
Целосно доминиравме во продолжението од дуелот, вториот период го отворивме со ран гол за 3-1. Стрелец на истиот беше Далибор Марковиќ кој погоди по одлично изведен слободен удар од над 20.метри. Дојде до мало опуштање во нашите редови па ривалот успеа да изедначи до крајот, дуелот заврши со резултат 3-3.
ФК Вардар генер.2007 одигра реми 1-1 (0-1) со тимот на ФК Беласица од Струмица. Во овој дел имавме дваесетина шанси, а само еден погодок.
Првиот дел започна со „ладен туш“, по една конфузија на нашата одбрана успеавме да си постигнеме авто-гол за 0-1. Напаѓавме постојано имавме прилики преку Киш, Стефан Младеновски, Борјан Томовски и Емир Шаботиќ. Сепак „фортуната“ не беше на наша страна, па на одмор заминавме со негатива.
Вториот дел имаше исто течение како и првиот период постојано напаѓавме се редеа шанси пред голот на противникот. Беласица ретко се закануваше, во ретките прилики на опаснос Даниел Исајловски беше на ниво на задачата. Имавме промашени десетина прилики во вториот дел конечно преку Стефан Младеновски успеавме да изедначивме на 1-1. По голот имавме уште неколку прилики сепак не успеавме да победиме, секако ова реми не влијаеше на пласманот во 1/4-финалето за момците на „Чунга“.
Момците на Игор Кралевски, ФК Вардар генер.2009 со три победи ја завршија групната фаза на овој турнир. Во денешниот дуел против Неготино победивме со 2-1 (0-1).
Првото полувреме иако одигравме на ниво сепак не успеавме да го завршиме со поволен резултат. На пауза заминавме со негатива 0-1. Во вториот дел тргнавме силовито со цел да направиме пресврт и успеавме во тоа. Со голот на Матеј Николов изедначивме на 1-1. Веднаш потоа Дарин Михајловски успеа да стрела за целосен пресврт и водство со 2-1. Со овој резултат обезбедивме 1/4-финале против тимот на ФК Драчево ова попладне.
Момците на Филип Спасевски дојдоа до третта победа во исто толку меча на овој турнир, тие денес ја совладаа екипата на ФК Форца со резултат 3-0. Со оваа победа ФК Вардар генер.2006 како лидери на табелата се пласираа во 1/4-финалето. За црвено-црните погодија: Величковиќ, Настевски и Цониќ.
Дуелот го почнавме со овие момци: Краљевски, Трифуновски, Цековски, Ордевски, Танчев, Илески, Миовски, Величковски, Цониќ, Настевски, Динов.