Во кугларницата “ВИП” при СЦ “Борис Трајковски” во Скопје успешно беше реализиран третиот интернационален кугларски турнир “8.Септември” кој го организира Вардар со покровителство на градот, по повод големиот празник.
На истиот имаше екипи од БиХ, Србија, Хрватска, Словенија и Македонија. Кугларското ЕХ ЈУ “крем” беше собран на едно место. Тимот на КК Белград повторно стана шампион по 3 пат. Влаќевски Бојан кој настапи за Вардар дојде до првата позиција во поединечната категорија. Ова се остварените пласмани:
Екипен пласман на Скопје 2019:
1. КК Београд
2. КК Вардар
3. КК Калцит
Поединечно:
1. Бојан Влакевски Вардар
2. Денис Делиќ Мертојак
3. Горан Остојиќ Београд