Актуелниот освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Металург дојде до лесна и убедлива победа против Вардар јуниор. Сино-белите триумфираа со високи 41:17.
Домаќинот го исконтролира дуелот на самиот почеток кога отвори со високи 4-0. Потоа од минута во минута ја зголемуваше предноста над младиот црвено-црн тим. За кратко отидоа на плус осум поведувајќи со 10-2, потоа момците на Петрушевски и Манасков имаа краток период во кој беа подобар противник и намалија на 11-5. Сино белите на одмор заминаа со високи десет плус, на семафорот стоеше 19-9 за домаќинот. Во вториот дел немавме сили да се спротиставиме на расположениот домаќин кој победи со 24 гола предност односно со резултат 41-37.
ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Јакимовски 1, Јанковски, С. Чакалиќ, С. Крстевски 3, Гашовски, Димевски, Х. Чакалиќ 1, Андоноски 2, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, В. Крстевски 3, Атанасовски 3, Ќосевски 1, Дука 3.