Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Израел до 18 години. Натпреварите се закажани на 4. и 6. октомври на гостински терен. Селекторот на нашата репрезентација, Шкумбин Арслани за двете тест пресметки повика и од редовите на Вардар.
Се работи за голманот, Кристијан Китановски, потоа Али Асани, Александар Ѓурковски, Виктор Крстевски, Анатолиј Петејчук, Леонид Игнатов и Азер Омерагиќ.
На претходните контролни натпревари, македонската репрезентација ја совлада Унгарија со 3:0, а славевме и против Словачка со 3:2 на турнирот во Чешка.