Кугларскиот клуб Вардар со убедлива победа со максимални 0-8 (5:19; 2784:3149) ја започна новата сезона во Македонската кугларска лига (МКЛ). Во првото коло во кугларницата „Мусандра“ како гостин беше подобар од тимот на ЖКК Пелистер ТС Холдинг.
Следен предизвик е дербито со една од екипите која како и нас атакува на врвот, тимот со кој често сме во битка за вице-шампионската позиција, екипата на КК ГТЦ Мусандра. Нашиот ривал започна со убедлив пораз од шампионот КК Макпетрол на домашен терен со резултат 1:7. Начелно дуелот е закажан за на 21.септември (сабота 17-00часот) сепак сеуште нема потврда од двата тима за конечна информација дал ќе се одигра во тој термин или ќе добие алтернативен.