Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки во сабота од 13-00 часот ја пречекуваат Деспина
Вардарки во сабота од 13-00 часот ја пречекуваат Деспина

Вардарки во сабота од 13-00 часот ја пречекуваат Деспина

Познат е терминот на првиот дуел на домашен терен на ЖРК Вардар во новата сезона 2019/2020. Ние во сабота, 21.септември ќе ја пречекаме екипата на Деспина од Прилеп. Дуелот ќе се игра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 13-00 часот.

Тимот на Ристова, Црвенковска и Царчев отвори со победа во првото коло на гости кај ЖРК Спартак во Скопје. На овој втор дуел ќе одиме на нова победа со цел со максимални шест бода да ја дочекаме ЕХФ паузата која следи потоа. На мечот во сабота правдата ќе ја делат: Начевски Виктор (Скопје) и Божиновски Даниело (Битола).