Во второто коло од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите Вардар со 32-27 (14-16) го победи Порто. „Црвено-црните” остануваат на првото место во групата со максимални четири бода. За актуелниот европски првак ова е 71 триумф во ЛШ.
Иван Чупиќ одигра одличен меч, покрај седумте гола тој беше и голем мотиватор на тимот кога се правеше пресвртот. Одличните игри беа наградени со место во идеалната седморка во ЛШ. Видеото може да го погледнете ОВДЕ