Европскиот ракометен Шампион стигна и до втората победа оваа сезона во Лигата на Шампионите. Пред преполната арена Јане Сандански, црвено-црните ја совладаа екипата на Порто. Шампионот на Португалија имаше сили да парира само едно полувреме, кога имаше и предност од 14:16. Сепак во вториот дел, Вардар ја покажа сета своја сила и докажа зошто се актуелни Шампиони на Европа, славејќи триумф со резултат 32:27. После завршување на мечот, своите впечатоци од триумфот пред медиумите ги сподели тренерот Писонеро кој го изјави следново:
„Порто одигра добар натпревар во Скопје, би сакал да им честитам за тоа. Беше многу тежок меч за нас, знаев дека Порто е добар тим и дека доаѓа како шампион на земјата во која игра. Во првото полувреме имавме многу грешки во нападот, можеби и голманите не успеаја да одбранат топки. Но, Вардар беше сосема спротивен во второто полувреме. Немаше ништо особено, освен дека треба да играме подобро. Го задрживме Порто на 12 гола, ја подобривме одбраната. Важно беше дека неколку ситни работи што ги поправивме“
Дибиров исто така имаше важна улога во победата, успевајќи да постигне пет голови.
„Сакам да му честитам на Порто за добрата игра. Во првиот дел ние не функциониравме како што треба, но во вториот дел ја пронајдовме нашата игра. Сигурен сум дека Порто ќе има големи победи во иднина и сигурно е дека нема групната фаза да ја завршат без бодови. Се работи за екипа која игра брз и добар ракомет. Убаво беше пак да се игра дома, очекував малку поголема поддршка. Но, ние ете и со половина сала успеавме да направиме кам-бек. Среќни сме, затоа што секоја победа за нас е нешто специјално и важно, истакна Дибиров.