Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Први две победи за најмладите вардарци во детската лига, генер. 2012 подобра во дуелите против Работнички и Фудбал Кидс
Први две победи за најмладите вардарци во детската лига, генер. 2012 подобра во дуелите против Работнички и Фудбал Кидс

Први две победи за најмладите вардарци во детската лига, генер. 2012 подобра во дуелите против Работнички и Фудбал Кидс

Генерацијата 2011 на ФК Вардар стигнаа до првите победи во рамките на детската лига, откако денес на терените на ФФМ со двете екипи забележаа победи.

Екипата на Вардар (1) убедливо ја совлада екипата на Работнички со резултат 10:0. Уште по првото полувреме го решивме прашањето околу конечниот победник, кога имавме високо водство од 7:0. Доротеј Христов беше играчот кој успеа да псотигне пет голови, Борјан Костовски постигна три гола, Калин Каракаш и Марин Спировски дадоа по еден гол во мрежата на Работнички.

1 2 3 4 5

До прв триумф стигна и тимот на Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Фудбал Кидс. На овој меч избраниците на Боби Андоновски славеа победа со резултат 3:0. По првото полувреме имавме минимално водство од 1:0. Јован Папеш постигна два гола, додека еден беше дело на голманот Огнен Божиновски кој погоди од својот гол.

6 7 9

Одлична игра за нашите најмлади надежи кои се дел од детската лига, покажаа дека во нив има потенцијал за во иднина.