Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Порто го налути европскиот првак, па доби црвено-црна ракометна лекција
Порто го налути европскиот првак, па доби црвено-црна ракометна лекција

Порто го налути европскиот првак, па доби црвено-црна ракометна лекција

Со одлична игра во 2.полувреме, РК Вардар на домашен терен го совлада Порто со резултат32-27 (14-16) . Европскиот првак имаше лошо прво полувреме, но блесна во вториот дел од овој дуел кој е дел од 2.коло во ЛШ.

a3

Отворивме со голот на Павел Атман за 1-0, потоа со врзани три гола Порто поведе со 1-3 во 5.минита. Не се снајдовме најдобро во воведните 10.минути па на семафорот стоеше 3-6 по првата треттина од овој период. Успеавме да се издигнеме, погоди Атман, на голот конечно првата одбрана ја имаше Гедбан, тоа го награди Кристопан со гол за 5-6 во 13.минута. Конечно успавме да поведеме, во 18.минута правиме пресврт и со голот од пенал на Иван Чупиќ поведуваме со 9-8, голем придонес даде „разбудувањето“ на Гедбан. Клупата на португалците во 20.минута побара тајм-аут, откако првпат ние водевме со два гола (10-8). Тие влегоа во серија и со 0-3 поведоа со 10-11, па Писонеро побара минута одмор. Нашата криза се продлабочи, во нападот игравме очајно, во контра бевме казнувани, противникот поведе со 10-14 во 25.минута. Големиот мотиватор Чупиќ почна да погодува и го дигна тимот на психички план. Успеавме да заминеме на одмор со преполовена негатива, односно со резултат 14-16.

a3

Кугис отвори со одбрана, со брзи 3-0, со два гола на Дибиров и еден на Шишкарев поведовме со 17-16 по нецели 3.минути игра. Порто инсистираше на играта „7 на 6“ која е нивна одлика во офанзива. Тоа релативно добро го амортизиравме и погодивме неколку пати на празен гол. Кугис блесна, тоа го награди Шишкарев во 39.минута бевме на конечно на три плус, 22-19. Сташ Скубе прв пат не однесе и на плус пет , во 42.минута по одбрана на Кугис, тој одлично по „цепелин“ беше непогрешлив за 25-20. Нашата серија беше незадржива, „мелевме“, Шишкарев погоди по нов „цепелин“ за 27-20 во 44.минута по што португалците побараа тајм-аут. Се беше решено, европскиот владетел покажа кој е кој во Скопје. Следеше опуштање во црвено-црните редови, Калараш беше 2.минути надовор, па ривалот успеа да намали на 28-23 во 52.минута. Веднаш со головите на Сташ, Чупиќ од пенал и Криштопанс на празен гол, отидовме на сигурни шест плус, 31-25. Победата дојде со32-27.

a

Најдобри кај Вардар беа Кристопанс и Чупиќ со по седум гола, а ги следеа Дибиров и Шишкарев со по пет.