Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар игра магично и заслужено е новиот лидер во ПМФЛ!!
Вардар игра магично и заслужено е новиот лидер во ПМФЛ!!

Вардар игра магично и заслужено е новиот лидер во ПМФЛ!!

Вардар продолжува со добрите игри и победи. Нов на „менито” на тимот од Скопје овој пат беше тимот на Силекс од Кратово, кој беше „решен” за само едно полувреме. Со оваа висока и убедлива победа, Вардар сега е новиот лидер во шампионатот на Македонија со 16 освоени бодови, еден повеќе од тимот на А.Пандев.

Во првите 20-сетина минути од дуелот немаше голови на Градски, за потоа да следат три гола на Вардарци за висока и убедлива предност. Со добрите игри и голови продолжи бразилецот Жуниор. Мицевски нафрли од десната страна, а на 10 метри пред голот на гостите Бразилецот Реис Жуниор стрела ниско по земја за водство oд 1:0 во 23. минута. Во 39. минута по корнерот на Брдаровски, Аврамовски пред голот на Силекс со глава сместува во долниот лев агол за комитни 2:0. До крајот на првиот дел погоди уште и Дарко Мицевски од белата топка откако беше соборен Брдаровски со убедливи на полувреме 3:0.

Во вториот дел Вардар влезе рутинирано со цел без многу работа да ја заврши и денешната средба со победа но и без примен погодок. Во вториот дел немаше некој посериозни шанси за одбележување кај нашиот тим, кој како што рековме мудро го чуваше резултатот и високата предност.

Со оваа нова победа, Вардар е нов лидер!

Честитки до играчите и до целиот стручен штаб на ФК Вардар!