Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ФОТО) Олимпиецот Нуров на прием во МОК, Меѓународната боречка федерација со меил го извести МОК за успехот
(ФОТО) Олимпиецот Нуров на прием во МОК, Меѓународната боречка федерација со меил го извести МОК за успехот

(ФОТО) Олимпиецот Нуров на прием во МОК, Меѓународната боречка федерација со меил го извести МОК за успехот

Вчера во просториите на МОК, претседателот д-р Васил Тупурковски му го честиташе бронзениот медал на Магомедгаджи Нуров и на неговиот личен тренер Могамед Ибрагимов, освоен на светското првенство во борење.

Претседателот, Тупурковски посебно им се заблагодари на Могамед Ибрагимов (освојувач на бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј-2000 година), тој потенцира дека, сега кога целта е остварена, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со сите засегнати институции во државата треба да направат се за да обезбедат најдобри можни услови за што подобро да го подготвиме нашиот олимпијец за што поуспешно учество на ОИ ТОКИО 2020.

71592535_678459356007207_4052183523585425408_n

Нуров се заблагодари на довербата и помоштта која ја добиваше од МОК во овој период и верува дека во периодот кој следи одлично ќе се подготви и дека ќе постигне висок спортски резултат на ОИ ТОКИО 2020. Голема благодарност Нуров искажа и кон Гајдаров, овој  стучњак од Руската Федерација е еден од најзаслужните за напредокот на нашето момче.

До претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски,  стигна и известување од страна на генералниот секретар на Меѓународната боречка федерација (Обединето светско борење-UWW), Мишел Дусон, со кој го информира претседателот на МОК за постигнатиот резултат и освоената олимписка норма на Магомедгаджи Нуров. Нуров и Ибрагимов лично одговорија на меилот од „Светската куќа на борењето“.