Една генерација на фудбалскиот клуб Вардар во петок ќе го одигра 3.коло во регионалната-скопска лига. Се работи за генерацијата 2006 која гостува во Ѓорче кај екипата на Македонија Ѓ.П, додека генерацијата 2005 на Вардар е слободна со оглед дека противникот нема екипа во оваа генерација.
Избраниците на Филип Спасески на одличен начин ја стартуваа новата сезона со убедливата победа во дербито против екипата на Шкендија (6:0), додека во првото ревијално коло одиграа без голови против Академијата на ФФМ.
Вардарци се фаворити на дуелот во Ѓорче, се надеваме на нов триумф за нашите млади надежи. Мечот утре стартува од 11:30 часот.