Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 4.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во сабота на теренот на Академијата се домаќини на екипата на Шкупи, додека истиов ден, кадетите и младинците ќе гостуваат на овој противник. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Помладите пионери се наоѓаат во серија од две победи и ќе се обидат оваа серија да ја продолжат и на саботниот меч против екипата на Шкупи. Противникот од Чаир после три одиграни кола има учинок од две победи и еден пораз и се наоѓа на 4. место на табелата.
Пионерите се единствената наша генерација која се наоѓа на лидерското место во овој дел од сезоната. Момците играат одличен фудбал и после три одиграни кола немаат примено ниту еден гол. Вардар е фаворит, но и тимот на Шкупи добро ја стартуваше сезоната, на три натпревари собраа вкупно шест бодови.
Гостување кај Шкупи ќе имаат кадетите и младинците на ФК Вардар, кои после три кола имаат две победи и еден пораз. Во кадетската супер лига, тимот на Шкупи се наоѓа на 7.место со 3 бодови, додека во младинската лига исто така се на 7 позиција, но со 4 освоени бодови.