Денес, ФК Вардар во 1/8-финалето од Купот на Република Македонија ја пречeка екипата на Шкендија од Тетово. Со одлична игра во вториот дел успеавме да ја анулираме предноста на гостинот, по две наши грешки Шкендија замина на одмор со 0-2. Во вториот дел успеавме да изедначиме и да заминеме во реваншот со активен резултат 2-2.
Во првиот дел гостинот успеа да обезбеди капитална предност од два погодока. Доста рано тетовчани успеаа да го отворат резултатот, Имери погоди за 0-1 во 8.минута. За жал не успеавме да изедначиме, актуелниот шампион на земјава го удвои водството во 42.минута. Погодокот за 2-0 го постигна Ибраими, со овој резултат се замина на одмор. Вардар во првото полувреме имаше неколку добри шанси, но јунак денес на тетовчани беше голманот Реџепи. Никола Серафимов во два наврати биеше со глава после нафрлени топки од корнер, кои завршуваа крај голот, додека Мицевски имаше добра прилика, откако биеше после одбиена топка, но Реџепи со прексрасна интервенција, спаси тогаш израмнување на резултатот.
По примениот гол Вардар тргна во тотална офанзива. Најпрвин во 58.минута, Цветаноски се обиде со крајни напори одбрани Реџепи. Во 64.минута шут кон голот на Реџепи упати Мицевски, голманот на гостите беше поставен на вистинското место. Четити минути подоцна се обиде да намали и со удар од над 30-сетина метра. Имавме постојана ицицијатива, Жуниор беше блокиран топката заврши во осми корнер по асистенцијата на Цветаноски. Конечно голот дојде во 72.минута кога нововлезениот Колевски во првиот контакт со топката успеа да намали на 1-2, Аврамовски прецизно го проигра, а младиот напаѓач од прва биеше, за намалување на резултатот. Ние не престанувавме со иницијатива, минута потоа Цветаноски шутна крај голот. Одличната игра во ова второ полувреме беше крунисана со гол за изедначување, по нафрлување на Тошевски со глава изедначи Жуниор. Бразилецот погоди за резултатска симетрија, 2-2 во 80.минута. Во финишот пропуштивме голема прилика, Колевски врати една топка до Али Адем биеше од 10сетина метра, еден од играчите на ривалот спаси чист погодок.
Со резултат 2:2 ќе започне реваншот во Тетово. Инаку на овој дуел беа доделени и два црвени картони, кај Шкендија директен црвен доби Мици, додека кај Вардар беше исклучен Мицевски.