Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гостува во Украина по нова победа во ЛШ, Мотор Запорожје е должник на вардарци
Вардар гостува во Украина по нова победа во ЛШ, Мотор Запорожје е должник на вардарци

Вардар гостува во Украина по нова победа во ЛШ, Мотор Запорожје е должник на вардарци

Актуелниот Шампион на Европа, тимот на РК Вардар денес ги продолжува натпреварите во рамките на најсилната група Б од Лигата на Шампионите. Црвено-црните гостуваат во Украина, кај екипата на Мотор Запорожје.

Се работи за екипа која е шампион на Украина и која во последниве седум сезони е постојан учесник во најголемото ракометно натпреварување. Минатата сезона стигнаа и до најдобрите 16 екипи, кога во осминафиналето беа поразени од екипата на Киелце. Мотор Запорожје е шесткратен првак на Украина и петпати го освојувал Купот. Сезонава се засилија со Денер Јаанима, поранешен играч на Кил, а во тимот настапува и еден поранешен вардарец, тоа е Стефан Вујовиќ.

Мотор Запорожје и Вардар веќе одиграа еден натпревар оваа сезона и тоа во рамките на 2.коло од СЕХА-лигата, кога противникот славеше минимална победа, но ние на тој меч настапивме во некомплетен состав. Денес се очекува да гледаме поинаков натпревар, иако ќе напоменеме дека Мотор Запорожје е незгодна екипа, посебно кога игра на домашен терен. Ова е прв меч сезонава во ЛШ да играат пред своите навивачи, првите два на гостински терен ги загубија од екипите на Веспрем и Киелце.

Освен подолго отсутните Толедо и Стоилов, кои се уште се рехабилитираат од повредите, останатите играчи се на располагање на тренерот Писонеро, за попладневниот дуел во Украина. Не очекува интересен натпревар, се надеваме на нов триумф и продолжување на победничката серија, со нов триумф ќе се зацврстиме на врвот на табелата во нашата група.

Мечот стартува од 17:00 часот, со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 3.