После три одиграни кола во Лигата на Шампионите, Вардар се наоѓа на првото место во најсилната група Б со максимален број на освоени бодови. Во новата сезона, црвено-црните издвојуваа победи во дуелите со екипите на Монпелје, Порто и Мотор Запорожје.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци во ЛШ, двајца ракометари на Вардар се наоѓаат во ТОП-10. Се работи Тимур Дибиров кој го дели 3.место заедно со Банур од Динамо Букурешт, Јоханесен од Фленсбург и Јакобсен од ГОГ, сите имаат постигнато по 20 голови.
На делба на 9.место се наоѓа Даинис Кристопанс кој после три кола има постигнато 17 голови.