Црвено-црните ни приредија уште еден незаборавен натпревар во С.Ц. Јане Сандански. Вечерва целосно го надигравме и пониживме “бронзениот“ тим од последниот Ф4 одигран во Келн. Избраниците на Гонзалес се вратија на победничките патеки, навестувајќи дека мечот во Данска беше само лош ден за нашите момци. Со враќањето на Штербик и Душебаев се почуствува силата на Вардар, а тоа најдобро на своја “кожа“ го осетија Полјаците. Дибиров и Горбок ја “изрешетаа“ противничката мрежа, а Штербик правеше чуда на својот гол. Капитенот Лазаров доби свои минути на теренот и успеаа да постигне вкупно 3 голови.
Ова не е како секоја друга победа, бидејќи се наоѓавме во малку тешка ситуација после двата непланирани порази. Триумф изразен со десет голови разлика против екипа која беше учесник на завршниот турнир минатата сезона, не е мала работа. Вечерва го имавме расположениот Штербик на голот, кој правеше чуда и уште неколку играчи кои блескаа со својата игра. Едноставно игравме добар ракомет. Киелце уште на самиот старт виде дека ќе биде тешко и во текот на натпреварот само се откажаа, бидејќи видоа дека неможат да ни се спротивстават.
Вардарци со овој триумф се зацврстуваат на првото место на табелата и се наоѓаат во одлична ситуација, пред двата натпревари со Барселона.
Оваа групна фаза ја сфаќам навистина спортски. Битно е да играме добро и да се надигруваме. Во група сме со двајца учесници на Ф4, како Барселона и Киелце, тука се и Рајн-некар од најсилната бундес лига. Воопшто не се оптеретуваме со тоа прво место, наше е да играме добро. Се случува да изгубиш од Колдинг, а да го победиш Киелце со десет голови разлика. Никогаш не знаеш што те чека, бидејќи ова е спорт, изјави капитенот Филип Лазаров за нашиот сајт.
Звонко Ивановски