Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки “надмоќни“ против Хипо, забележан е првиот триумф во ЛШ
Вардарки “надмоќни“ против Хипо, забележан е првиот триумф во ЛШ

Вардарки “надмоќни“ против Хипо, забележан е првиот триумф во ЛШ

Екипата на Жрк Вардар ја забележа првата победа во новата сезона од лигата на шампиони. Вечерва убедливо го преагазија поранешниот Европски првак, екипата на Хипо на гостински терен. Нашиот шампион доминираше во текот на целиот натпревар и со речиси половина сили ги впиша првите бодови во групната фаза. Освен почетната предност за домаќинот на овој дуел, останатото помина во доминација на црвено-црните.

Следеше серија од наши девет погодоци, за резултат од 1:9, вториот погодок Хипо го постигна дури по 12 минути игра. Набрзо стигнавме и до двоцифрена предност 2:12 во 20 минута од мечот. На полувреме заминавме со високи 9:22. Индира и Питлик ја ротираа екипата, давајќи им шанса за игра на сите кои беа во составот. Во листата на стрелци успеаа да се запише дури и голманката Лејно.

Во вториот дел продолживме во силно темпо да го играме мечот, не дозволувајќи на противникот да се разигра. Во 41 минута имавме веќе предност од 16 голови, па до крајот рутинирано го одигравме овој натпревар. Речиси сите играчи се запишаа во листата на стрелци, освен голманката Суслина и Лазовиќ. Конечниот резултат гласеше 25:38. Ова беше многу поинакво издание за нашиот шампион, за разлика од претходниот меч против Ѓер. Се надеваме дека екипата полека влегува во посакуваната форма и дека ќе бележи добри резултати.

Суслина на голот имаше 11 одбрани. По четири голови во нашиот состав постигнаа Ристовска, Сокач, Лекиќ и Дамњановиќ.