Покрај голманот Штербик, руските репрезентативци во редовите на Вардар се едни од најзаслужните за високата победа на натпреварот против Киелце. Дибиров, Горбок и Шишкаев постигнаа вкупно 20 од 34-те голови на целиот тим. Тимур Дибиров повторно беше најефикасен, кој заедно со Горбок постигнаа по 8 голови. Нивниот сонародник од Руската репрезентација, крилото Шишкарев ги следеше со 4 погодоци.
Во отсуство на Деревен, Горбок беше тој што ја презема одговорноста на позицијата лев бек. Рускиот “бомбардер“ пружа одлична партија и го одигра својот најдобар меч во црвено-црниот дрес, во новата натпреварувачка сезона. Ниту Марин Шего и Славомир Шмал не беа достојни да ги бранат неговите силни удари. Иако Талант се обидуваше со чести замени на двата голмани, да стори нешто повеќе, тоа не му успеа.
Дибиров очекувано за него, игра одлично на почетокот од сезоната. Тој е наш најефикасен играч во лигата на шампионите со вкупно 38 голови. Шишкарев повторно се покажа како подобро решение за Брумен и покажа солидна игра. Единствено можеби недостасуваше атракција, која ја гледавме на претходните дуели, а која беше во режија на Руските крила.