Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Милош Стошиќ: Сигурен сум, дека на крајот на врвот на табелата ќе биде испишано името на Вардар.
Милош Стошиќ: Сигурен сум, дека на крајот на врвот на табелата ќе биде испишано името на Вардар.

Милош Стошиќ: Сигурен сум, дека на крајот на врвот на табелата ќе биде испишано името на Вардар.

Екипата на Рк Вардар 2 се врати на победите во првата ракометна лига. На гостински терен беше подобар од тимот на Метрополис, со резултат 14:26. Ова е вкупно петта победа за избраниците на Стојан Петрушевски во ова натпреварување. Во текот на целиот натпревар имавме водство и ја контролиравме играта. Домаќинот не успеаа ниту еднаш да поведе, највеќе што стори е да се придближи на два гола негатива.

Како и на скоро секој друг, мечот го доби одбраната после која следеше добро организран напад. Овој дуел не беше ни малку наивен, но низ текот на целата утакмица успевавме резултатот да го држиме во наша корист. Презадоволен сум од играта и резултатот на својот тим. Од меч во меч играме се подобро и подобро, успеваме играта да ја качиме на едно повисоко ниво, благодарение на волјата на играчите и ангажираноста на нашиот тренер Стојан Петрушевски. Во сето тоа има и голем удел што добро ја отворивме сезоната. Имаме своја цел и секој натпрева за нас е нов предизвик.

Ова е петта победа за црвено-црните, после шест одиграни кола во рамките на првата ракометна лига.

Ја сфативме лигата како многу сериозна, па така и се спремавме за неа. Сигурен сум дека ќе ја продолжиме низата на добро резултати. Ќе се бориме на секоја утакмица и сугурен сум дека на крајот на врвот на табелата ќе биде испишано името на Вардар, изјави Милош Стошиќ за Вардар фанс.

Звонко Ивановски