Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар 2 лесно се “справи“ со Метрополис
Рк Вардар 2 лесно се “справи“ со Метрополис

Рк Вардар 2 лесно се “справи“ со Метрополис

Екипата на Рк Вардар 2 се врати на победите во првата ракометна лига. На гостински терен беше подобар од тимот на Метрополис, со резултат 14:26. Ова е вкупно петта победа за избраниците на Стојан Петрушевски во ова натпреварување. Во текот на целиот натпревар имавме водство и ја контролиравме играта. Домаќинот не успеаа ниту еднаш да поведе, највеќе што стори е да се придближи на два гола негатива.

Уште од самиот старт му дадовме до знаење на противникот, дека нема што да бара на овој дуел. Во 7 минута имаме предност од 1:4, а набрзо и највиските пет гола разлика во тие моменти 2:7. Сепак до крајот на првото полувреме следевме малку подобра игра на Метрополис, доволна само да го намали резултатот. На пауза се замина со наше водство од 10:12.

Второто полувреме започна со наш погодок. За разлика од првиот дел кога противникот одржуваше некаква резултатска неизвеснот, тоа не беше случај во вторитте 30 минути. Повторно ја враќаме онаа наша најголема позитива од пет голови разлика 11:16 во 38 минута од мечот. Во второто полувреме Метрополис успеаа да постигне само четири голови, што зборува за одличната одбрана која ја наметнаа црвено-црните. Противникот беше целосно “скршен“ кога поведовме со двоцифрена предност од 13:23 во 53 минута. До крајот само го зголемивме ова водство, за разлика од домаќинот кој постигна само еден гол.   Конечниот резултат гласеше 14:26.  Со овој триумф остануваме на второто место на табелата, веднаш зад прво пласираниот тим на ХЈС Работник.

Повторно најефикасен играч во Вардар беше Тоше Ончев кој постигна 8 гола. Александар Димовски додаде 4 и Арсеносвки 3 погодоци.

Вардар 2 : Кизиќ, Виларов, Димов 1, Димовски 4 , Анастасовски 1 , Стојковски, Стошиќ 1, Трпчевски 1, Димитровски 1, Кукуловски 1, Љубевски 1, Калков 1, Крстевски 1, Димковски 1 , Ончев 8 , Арсеновски 3 .