По три кола во Македонската кугларска лига два тима се одвоија на врвот на табелата, шампионот Макетрол и нашиот КК Вардар. Двата тима имаат по максимални 6.бода по три рунди. Пред нас овој викенд е 4.коло во МКЛ.
Црвено-црните во првите три кола победија со: ЖКК Пелистер, потоа во дербито со КК ГТЦ и ја совладаа екипата на Империал Тобако ТКС. Следен предизвик е натпреварот со тимот на КК Пелистер, овој натпревар го носи епитетот дерби. Натпреварот со желено-белите ќе се игра задутре, сабота (12.октомври) со почеток во 17-00 часот во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.