После пет одиграни кола во машката Супер лига, младиот состав на Вардар Јуниор има скор од една победа и четири порази, додека на првото место се наоѓа екипата на Металург.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци во Супер лигата, првото место го завзема Ивица Илиев од екипата на Радовиш, кој после пет одиграни кола има 58 постигнати голови. И Вардар Јуниор има играч кој високо котира на оваа листа, се работи за средниот бек, Стефан Крстевски кој со 33 постигнати голови се наоѓа на 4.позиција. Второто место е за Давор Палевски од Работнички (54), додека на третата позиција се наоѓа Иван Џонов од Пролет со 39 погодоци. Листата е превземена од ракометниот портал 24 ракомет
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (5. КОЛО)
58 – Ивица Илиев (Радовиш)
54 – Давор Палевски (Работнички)
39 – Иван Џонов (Пролет 62)
33 – Стефан Крстевски (Вардар Јуниор)
31 – Филип Николов (Радовиш)
30 – Бобан Блажески (Охрид)
29 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)
28 – Ласко Андоновски (Пролет 62)
28 – Дарио Кофилоски (Металург 2)
26 – Сергии Сулима (Работнички)
26 – Цветан Кузмановски (Струга)