Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар броеше до 41 против Кузман, лесна победа на црвено-црните
ЖРК Вардар броеше до 41 против Кузман, лесна победа на црвено-црните

ЖРК Вардар броеше до 41 против Кузман, лесна победа на црвено-црните

Вардар денес во рамките на 4.коло од женската Супер лига беше домаќин на екипата на Кузман. Девојките во црвено-црна комбинација дојдоа до 4/4 во лигата и максимални 12.бода. Вардарки доминираа по првата судиска свирка и победија со резултат 41-17 (23-5)

71781509_10215361227766113_2211358173992845312_n
Тргнавме силовито, на почетокот набрзина направивме 4-0 за да покажеме дека ние ќе владееме со овој дуел. Отвори Миновска, потоа Грујовска имаше двојна одбрана. Во напад тоа го наградија Џатевска и два пати Седлоска. Противникот прв пат Грујовска ја совлада во 7.минута од пенал кога намали на 4-1. На средината од првиот дел водевме со високи 12-3, откако по една контра погоди Ивона Трпевска. Отидовме брзо и на двоцифрена предност која постојано до крајот на мечот ја „билдавме“, во 17.минута од пенал со својот деби гол сезонава Коларовска стрелаше за 14-4. Ристова даде шанса на поголем дел од ростерот, постојано ротираше од клупата. На четири минути до крајот поведовме и со 15 гола, Грујовска одбрани, имаше брза транзиција, по која Миновска ефектно стрелаше. На одмор заминавме со високи 23-5.

71825228_10215361228606134_7167278227692453888_n
Противникот прв отвори со гол во вториот дел, ние потоа промашивме напад, Трајкоска на нашиот гол ја запиша деби одбраната оваа сезона што во напад го награди Трпевска за 24-6. Противникот прв пат имаше свој период, со мини серија од 1-3 намали на 25-9 во 37.минута. Веднаш со две контри, најпрвин мајсториски погоди Васева потоа и Коларовска отидовме на 27-9. Вардар доминираше во сите аспекти на ракометната игра, по одбрана на Трајкоска, Ана Марија Божиновска погоди ефектно, топката удри во гредата и се „заби„ во голот за 20 позитива, 30-10 во 44.минута. Во последните 10.минити влеговме со резултат 34-12 , откако по пенал над новиот пикер кој исто така дебитираше, Јана Паковска, прецизна беше Теодора Стаменкова. Се до крајот беше рутина, ние победивме со резултат 41-17.

00000 000-2Симона Грујовска во првиот дел имаше 9.одбрани (1.контра, 64% ефект), во вториот дел Јована Трајкоска имаше 9.одбрани (1.контра, 44% ефект). Трпевска Ивона и Миновска Сара имаа по 6 гола, додека Николиќ Милица погоди 5.пати.