ЕХФ делегираше судиска двојка од Швајцарија да ја дели правдата на саботната дерби пресметка во Скопје на Вардар и Кил. Судии на утрешниот дуел ќе бидат Артур Брунер и Морад Салах, а ЕХФ делегатот ќе доаѓа од Чешка, неговото име и презиме е Јири Конечни.
Очекуваме фер и коректно судење од оваа искусна судиска двојка, која на многу наврати му ја има делено правдата на Европскиот шампион.
Дуелот на Вардар и Кил се игра утре со почеток од 17.30 часот во Скопје.