Денес е 11 Октомври — државен празник. Денес се празнува „Денот на востанието на Македонија“ или „Денот на народното востание на македонскиот народ”.
Востанието на денешен ден е дигнато против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Честити 11 октомври, Ден на народното востание.