Играчот на Европскиот шампион Вардар, Сташ Скубе, не пропушти можност вечерва да биде присутен на Градскиот стадион во Скопје и заедно со својата понежна половина да ја бодри својата Словенија на дуелот против нашата Македонија.
За радост на Македонија, а за тага на Скубе, Елиф Елмас со два погодоци и донесе победа на Македонија и со самото тоа ја прескокна Словенија на табелата. Голот за гостите го постигна Иличиќ во последните мигови од дуелот од пенал за ублажување резултатот на 2:1.