Играчите на ФК Вардар, Кристијан Тошевски и Никола Серафимов вчера запишаа настапи за селекциите на Македонија во победите над Словенија, односно Црна Гора.
Кристијан Тошевски доби шанса од клупата за резерви и ги одигра последните 13. минути од дуелот против Словенија. На крајот, Македонија се радуваше на победа. На овој дуел, Младеновски остана на клупата за резервни играчи.
Селекцијата на Македонија до 21 година пак, одигра супер натпревар во Црна Гора и заслужено победи со резултат 2:1. Двата погодоци за нашата репрезентација ги постигна Јани Атанасов, а во победата свој допринос имаше и Серафимов кој влезе во игра во 76. минута од натпреварот.
Честитки за победите!