Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар вчера беа гости на екипата на Реал Ниш, противник со кој одигравме два пријателски натпревари.
Настапивме со генерациите родени 2007 и 2008 година, дуели на кој имавме половичен успех. Мечевите се играа на голем терен со 10+1 играчи на теренот.
Генерацијата 2008 на Вардар беше поразена од Реал Ниш, со резултат 4:2. Во оваа генерација на Вардар предводена од Петар Георгиевски отсуствуваа неколку важни играчи, па поразот не е изненадување. Стрелци на головите за Вардар беа Стефан Бранковски и Петар Блажевски.
Генерацијата 2007 на „Чунга Лунга“ ги надигра врсниците од Реал Ниш, па победата со резултат 2:1 не е реалниот резултат од овој дуел. Нашите млади надежи имаа голем дел од играта, создадоа и најмалку шест стопроценти шанси, од кои реализираа само две. Головите беа дело на Александар Грашески и Стефан Младеновски.