Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кил со висока победа во бундеслигата доаѓа на гостување во Скопје
Кил со висока победа во бундеслигата доаѓа на гостување во Скопје

Кил со висока победа во бундеслигата доаѓа на гостување во Скопје

Екипата на Кил имаше добра увертира пред гостувањето во Скопје и дуелот со Европскиот Шампион. „Зебрите“ вчера одиграа дуел во бундеслигата, во кој убедливо го совладаа тимот на Нордхорн.

Кил дури во второто полувреме го скрши отпорот на противникот, кој одржуваше резултатска неизвесност во првите 30 минути. Екипата на Нордхорн подобро го отвори мечот кога имаше водство од 2:4, но Кил се врати во игра и поведе со 6:5. Долго време се играше гол за гол, а првата предност од два гола разлика, домашниот тим ја имаше дури во 28 минута кога поведе со 13:11. На полувреме, тимот на Кил имаше минимална предност од 14:13.

Во второто полувреме со серија на погодоци, домаќинот се одлепи најпрво на четири, па на шест голови, по што беше јасно дека ќе стигнат до триумф. На крајот победата дојде со висока разлика, резултатот гласеше 31:23. Ова беше вкупно шестта победа за Кил сезонава во првенството, каде има само еден пораз.

Во текот на денешниот ден, Кил се очекува да пристигне во Скопје и вечерва да го одржи својот единствен тренинг, пред утрешниот дуел од 4.коло во ЛШ со Вардар.