Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во недела гостува кај Пелистер
ЖРК Вардар во недела гостува кај Пелистер

ЖРК Вардар во недела гостува кај Пелистер

Вардар, вчера го совлада тимот на РК Кузман со резултат 41-17 во меч од 4.коло. Вардарки доминираа во текот на цел дуел, победата беше обезбедена уште на полувреме кога водевме 23-5. Кај нас двете голманки, Трајкоска и Грујовска има по 9.одбрани, Миновска и Трпевска погодија по шест пати. Одморот е краток веќе во недела не очекува 5.коло.

На 13.октомври со почеток во 19-30 часот играме гостински дуел во Битола. Наш ривал е тимот на ЖКК Пелистер. Натпреварот ќе се игра во салата “Боро Чурлевски“, судиската правда ќе ја делат Пауновски Никола и  Спировски Оливер од Струга.