ФК Вардар ген.2010 денес се одигра два напревари во детската лига, момците на Колев Влатко забележаа две победи во соочувањата со ривалот.
ФК Вардар(1) го совлада тимот на ФК Драчево со високи 10-1. Нападнавме по првата судиска свирка, рано отворивме со гол за 1-0, стрелец на истиот беше Марко Јовановски кој погоди од половина терен. Нашата офанзивна игра беше наградена со гол за удвојување на предноста, голот за 2-0 го постигна Благојче Седлоски кој мајсторски го матираше голманот на ривалот. Од единствената шанса дотогаш противникот намали на 2-1. Имавме потоа две прилики, во првата се обиде Чедевски Матеј, во втората Васоски Петар чии удар беше исфрлен во 3-та корна. Добивме пенал кој умешно во погодок го претвори Филип Наумовски, кој стелаше за 3-1. Две прилики до крајот на првиот дел имаше Ристиќ, во првата топката мина крај голот. Во втората по ударот на Седлоски голманот само кратко одби, Стефан Ристиќ стрелаше за 4-1. Последниот погодок пред одморот беше дело на Чедевски, со резултат 5-1 заминавме на пауза.
Вториот дел започна со наша офанзива, Стефан Ристиќ умешно стрелаше за 6-1. Далибор Маровиќ успеа да погоди за 7-1. Имавме инцијатива, што веднаш донесе два нови гола. Најпрвин Седлоски кој игра на високо ниво погоди за 8-1, потоа од пенал Марковиќ зголеми на недостижни 9-1. Ново влезениот Македон Симев и Наумовски одлично ја вршеа својата работа во одбраната со што даваа додатна сигурност. Илиќ потоа пропушти шанса за десетти погодок. Сепак такво нешто му успеа на Седлоски, кој стрелаше за 10-1. Со неговиот погодок беше поставен конечниот резултат.
ФК Вардар(2) се сретна со екипата на ФК Карев, ние со добра игра во 2.дел дојдовме до победа со резултат 6-2.
Првиот дел започна со три нереализирани шанси на црвено-црните момци. Огнен Сивевски имаше една шанса, Пацески Лука имаше два удари кои беа блокирани. Илиќ потоа влезе во елемент, во краток период имаше два шанси. Во првата голманот беше поуспешен потоа стрелаше умешно. Со неговиот гол поведовме со 1-0, сепак за жал по една наша грешка ривалот изедначи на 1-1. Напаѓавме и пропуштивме серија шанси за да поведеме пред одморот, на пауза се замина со реми 1-1. Два пенала за жал не рализиравме.
Дарио Илиќ во првата минута, од вториот дел успеа да ја врати предноста и погоди за 2-1. Овој гол ни даде ветер во грб, ние потоа имавме повеќе посед на топката. Истиот играч повторно влезе во шанса, Илиќ одигра умно и погоди за 3-1. Лука Јосифовиќ шутна одлично, голманот со крајни напори одбрани. Противникот по корнер од левата страна, со удар упатен со глава намали на 3-2. Симев Македон го проба шутот, од голема дистанца шутна за малку над гредата. По одлично изведен слободен удар, топката се одби до Пацески кој ја затресе стативата. По одлична асистенција на од Гечев Драган, стелаше Илиќ за 4-2. Од пенал за 5-2 силно и умешно погоди Васоски Петар, истиот играч погоди и за конечните 6-2.