Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лавиците го натераа Металург да им се поклони во дербито, нова победа да се потврди епитетот „владетел“
Лавиците го натераа Металург да им се поклони во дербито, нова победа да се потврди епитетот „владетел“

Лавиците го натераа Металург да им се поклони во дербито, нова победа да се потврди епитетот „владетел“

Дербито во пионерската лига им припадна на девојките на Вардар, тие во Јане Сандански го совладаа тимот на Металург со 26-15. Беше тежок и цврст натпревар сепак избраничките на Платон и Папуџиева покажаа зашто го носат „шампионскиот ореол“.

73131156_2470999842946847_2140675368921595904_n
Се играше крајно неефинасно беше 1-0 се до 10.минута, првиот гол во 4.минута го постигна Наталија Максимовска. Вероника Ѓорѓиевска суверно владееше со нашиот гол, нејзините одбрани заедно со централниот бедам кој го сочинуваа Алексадра Коловска и Борјана Коцева беше несовладлив се до 12.минута кога ривалот намали на 3-1. Се играше борбено со малку погодоци, во 18.минута, по едно феноменално влегување помеѓу чуварите, Борјана Коцева постигна гол за 8-3. Нејзините движења се вистинско уживање за око, оваа девојка игра тотален ракомет во два правца. Ние го контолиравме дербито, сите девојки успеваа да одигаат тимски. Сите линии беа одлични, Ѓорѓиевска често во очај ги фрлаше противниците со нејзините одбрани. По крајот на 20.минути на семафорот стоеше 9-3, ривалот имаше за изведување удар од 9.метри. Сосема случаен погодок им донесе намалување на резултатот па на пауза заминавме со резултат 9-4.

a3
Вториот дел започна со одлична игра во одбраната, Леа Христовска имаше една одлична одбрана. Во напад тоа го наградија Пешиќ Мила, Равојска Јана и Сара Стефаноска за брзи 12-4 по 3.минути игра. Нашата одбрана беше на ниво како и во првиот дел, Пешиќ донесе нова свежина во играта. Токму она погоди за 18-10 на средината од вториот дел, кога по налетот на незадржливата Борјана Коцева ривалот направи пенал. Целиот тим во ова дерби играше на ниво, повторно Платон од клупата ротираше и повторно успеа да го задржи ритамот, очигледно нејзината филозофија за тимски триумфи фунционира и во пракса. Во 18.минута од вториот дел отидовме конечно на двоцифрена предност, на голот одбрани Христова во напад погоди Миланова Андра за 24-14. Победата дојде со резултат 26-15.

a
По четири гола имаа: Ангеловска Ива, Максимовска Наталија, Коцева Бојана и Коцева Борјана, а пак  Пешиќ Мила и Стефаноска Сара погодија по 3 пати, Миланова Андреа даде два гола, по еден погок имаа Равојска Јана и Тошевска Магдалена. Треба да се пофалат и голманките Ѓорѓиевска Верониkа и Леа Христова кои имаа голем број интервенции.