Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2006 во градското дерби го совлада Работнички со минимални 1-0
ФК Вардар генер.2006 во градското дерби го совлада Работнички со минимални 1-0

ФК Вардар генер.2006 во градското дерби го совлада Работнички со минимални 1-0

Вардар во градското дерби во рамки на регионалната лига во генерација родени 2006 година го совлада Работнички, со минимални 1-0. Момците на Филип Спасески дојдоа до нова победа во меч во кој ние имавме доминација на теренот.

Ние го започнавме овој дуел со следните момци: Данстак, Нурединовски, Порчу, Јанковски, Спасовски, Ајетовиќ, Величковски, Алији, Цониќ и Николовски.

b3
Ние имавме иницијатива за погодок, од самиот почеток на ова дерби. Се играше доста борбено на двете страни од теренот. Три сериозни шанси за водство пропуштивме во првата половина на првиот дел. Марко Николовски се обиде со удар со нога кој не го претвори во гол, потоа со глава се закани Алтин Нурединовски. Голема прилика имаше за црвено-црните и Порчу Димитар, сепак и покрај нашиот труд не успеавме да поведеме. Противникот се закани во две прилики, во првата одлично одбрани Данстак Андеј на нашиот гол, во втората топката мина крај неговиот десен директ. Алтин Алији украде една топка на средината, исолира мина дел од одбраната и од 5-6.метра погоди во надворешниот дел од мрежата. Конечно наградата за нашиот труд дојде во 38.минута, имавме слободен удар од лево. Топката ја зема Нуман Ајетовиќ, успеа со одличен удар да го префрли живиот ѕид и погоди под гредата за водство од 1-0. До крај се одигаа останатите две минути, ниту еден од тимовите немаше посериозна прилика во истите.

b2
Вториот дел започна со прилика на Алтин Алији кој се закани со удар над гол. Потоа истиот играч шутна но неговиот удар беше блокиран. Во вториот дел вардаровиот тренер во игра ги уфрли: Илески, Миовски, Хасиќ, Крстевски, Настевски и Динов. Ние со офанзивна игра ја браневме предноста од еден гол. Алтин Алији имаше уште два обиди од дистанца на оваа средба, кои не вродија со плод. Со глава се обиде Антони Динов, кој потоа биеше уште еднаш, сепак голманот на ривалот Иваноски Мартин двапати беше поуспешен. Една прилика имаше и брзоногиот Марко Николовски, топката од пред неговите нозе ја собра голманот на противникот. Ние умешно со офанзивна игра ја чувавме предноста на оваа средба. Дојдовме до нови три бода со минимални 1-0.

b