Во среда и четврток младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги одиграат првите натпревари, во рамките на 1/4 од купот на Македонија.
-Помладите пионери за противник ќе ја имаат незгодната екипа на Шкендија. Овие две екипи веќе еднаш се сретнаа во првенството, кога нашите надежи му нанесоа тежок пораз на тимот од Тетово. Тогаш во 5 коло од лигата, црвено-црните ја прегазија Шкендија со резултат 4:0. Илиевски, Астарџиев, Петкоски беа стрелци на погодоците, противникот успеаа дури и да си постигне гол во својата мрежа. Натпреварот ќе се одигра на теренот на локомотива, со почеток од 10 часот.
-Веднаш по нив на истиов терен, во 12 часот ќе истрчаат пионерите на Вардар и Победа. Овие екипи силите ги одмерија во второто коло на првенството, кога од Прилеп Вардар си замина со убедлива победа од 0:4. Јакуп Бериша на овој дуел постигна хет-трик, еднаш во листата на стрелци се запиша и Александар Ѓоргиески.
-Екипата на Младост е предизвик за поминување на 1/4 финалната пречка во националниот куп, за кадетите на Фк Вардар. Овој дуел е закажан да се одигра во четврток, во Охрид со почеток од 13 часот.
-Младинците можеби ќе имаат најтежок противник од сите наши младински категории. Против е екипата на Шкупи од Чаир. Само за потсетување минатата сезона токму Шкупи ги елиминираше тогашните младинци предводени од Петар Ѓоргиевски. Иако знаевме какви немили сценарја се случуваа на гостувањето во Чаир. Време е за слатка одмазда и сигурен пласман во следната рунда. Во рамките на 6 коло од лигата, Вардарци со 3:0 го поразија Шкупи. Стрелци на головите беа Беќири, Димков и Даци. Оовој дуел ќе се одигра во четврток со почеток од 13 часот, на теренот во населбата Ченто.