Фенерџијата во лигата Металург реши црвено-црните да ги нагости во скопската населба Маџари на стадионот “Борис Трајковски“. Дуелот како и денешниот има време на одигрување во 13-30 минути. Од нашите момци се очекува на двете гостувања максимален број на бодови и со тоа да ја продолжат трката за шампионската круна во домашниот фудбалски шампионат. Црвено-црните на првиот дуел годинава со Металург кој ние го игравме како домаќини на стадионот во Ѓорче Петров однесоа минимална победа со резултат 1:0.