Денес се одигра првиот натпревар од 1/4 финалето во Купот на Македонија за фудбалскиот клуб Вардар генер.2005. Момците на Зоран Петковски гостуваат во Струмица, на екипата на Академија Пандев и успеаа да победат со минимални 2-3 со што носат предност пред реваншот. Тие беа во негатива се до 55.минута кога успеаа да направат пресврт.
Вардар: Филевски, Јакимовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Цветков, Величковски, Дошев, Антевски и Серафимов.
На одмор се замина со реми исход, двата тима погодија по еднаш во мрежата на ривалот па пауза се замина со резултатска симетрија 1-1. Црвено-црните момци први отворија со погодок, во 18.минута топка доби Никола Величковски кој стрелаше за наша предност со резултат 1-0. Домаќинот успеа да изедначи пет минути потоа, погодувајќи за 1-1, резултат со кој се замина на одмор.
Струмичани направија целосен пресврт на резултатот, во 51.минута домашниот тим поведе со 2-1. Следеа минути на доминација на вардароците момци, кои тргнаа по поволен резултат од овој прв дуел во 1/4-финалето од купот. Само три минути потоа со евро голот од слободен удар на Дошев Ѓорѓи изедначивме на 2-2. Вардарци успеаа да направат целосен пресврт, со голот на Кулуковски Влатко во 67.миинута. Со гол предност, и три постигнати голови на гости ќе ја пречекаме Академија Пандев на реваншот во Скопје.