Дербито кое требаше да се игра минатиот викенд во женската пионерска група-1 помеѓу Делчево и Вардар изминатиот викенд беше одложено, како и целата лига. Овој меч доби нов термин за одигрување.
Натпреварот ќе се одигра во недела, на 27.октомври во салата „М.М-Брицо“ во Делчево. Судиската правда ќе ја делат: Драган Јовановски – (Штип) и Иван Јованов (Радовиш). Оваа е средба од 5.коло во пионерската група-1каде црвено-црните дами се натпреваруваат со голема успешност. Токму во Делчево на пионерскиот Ф-4, „лавиците“ беа крунисани по двете победи изминатата сезона.
Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџива патуваат како лидери, тие по четири кола имаат максимални 12.бода. Тимот на Делчево е најголемиот ривал за лидерската позиција на вардарки, тие досега успеаа да 10.бода по 4 кола. Колкава е нашата доминација досега во оваа лига може да прочитате на нашиот сајт на следниот ЛИНК!