По паузата заради репрезентатвните активности овој викенд на сцена се враќаат возбудувањата во машката ракометна Супер лига. На програмата е 8.коло од истата, во оваа рунда тимот на Вардар Јуниор е гостин.
Не очекува исклучително важен гостински натпревар со тимот на РК Работнички, тим кој покрај нас исто така е во зоната “плеј-аут“ па овој меѓусебен дуел е од големо значење за пренесување на бодови во следната фаза. Натпреварот се игра на 2.ноември, сабота со почеток во 15-00 часот. Ние по 7.кола имаме шест бода, сите од гостување нашиот следен ривал досега успеа да впише два помалку, односно има четири бода на своето конто.