Европската куќа на ракометот, ЕХФ денес го објави најновиот ранкинг на екипите учесници оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите. Тие издефинирале тимови кои ги имаат најголемите шанси за учество на Фајнал фор турнирот во Келн.
Вардар кој е бранителот на трофејот во најквалитетното клупско натпреваување на светот, по поразите во низа од Кил и Веспрем и тренерската смена не им влева доволно сигурност на изготвувачите на оваа ранг листа. Па така после пет одиграни рунди во ЛШ ЕХФ, Вардар не се наоѓа ниту во Топ 10. Изминатата сезона вакво нешто се случи пред почетокот на сезоната кога не бевме во најдобрите десет па на крајот од истата се искачивме на пиедесталот во Келн.
ЕХФ Топ 10 ранкинг по 5кола ЛШ:
1.Кил
2.Барселона
3.ПСЖ
4.Алборг
5.Монпелје
6.Пик Сегед
7.Веспрем
8.Бидасоа Ирун
9.Порто
10.Динамо Букурешт