Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор во сабота гостува кај РК Работнички
Вардар Јуниор во сабота гостува кај РК Работнички

Вардар Јуниор во сабота гостува кај РК Работнички

По паузата заради репрезентатвните активности овој викенд на сцена се враќаат возбудувањата во машката ракометна Супер лига.  На програмата е 8.коло од истата, во оваа рунда тимот на Вардар Јуниор е гостин. 

Не очекува исклучително важен гостински натпревар со тимот на  РК Работнички, тим кој покрај нас исто така е во зоната “плеј-аут“ па овој меѓусебен дуел е од големо значење за пренесување на бодови во следната фаза. Натпреварот се игра на 2.ноември, сабота со почеток во 15-00 часот. Ние по 7.кола имаме шест бода, сите од гостување нашиот следен ривал досега успеа да впише два помалку, односно има четири бода на своето конто.