Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреарите од шестото коло во Лигата на шампионите.
На дуелот во Скопје утре, ЕХФ ги делегираше исландаските арбитри Јонас Елиасон и Антон Палсон да делат правда на натпреварот, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
По низата на порази на Вардар, очекуваме добра партија на Европскиот шампион и враќање на победничките патеки. Дуелот утре, започнува со почеток од 17 часот.